ДАЛИ ПОВЕЌЕ ИЗНЕВЕРУВААТ ИСКУСНИТЕ МАЖИ?

Кој изневерува почесто – мажите или жените, дали тие што се венчале порано или оние кои доцна се венчале, па не се навикнати да бидат само со една личност, повеќе се склони кон прељуба? Дали средовечните луѓе се поподложни на изневерување – ова се само дел од прашањата со кои се занимаваат научниците на оваа тема.

Но, една неодамнешна студија, објавена во British Journal of Psychology, покажа дека импулсивните луѓе почесто изневеруваат, што речиси ги отфрли другите теории. До овие заклучоци научниците дошле анализирајќи го искуството на 123 парови на возраст меѓу 17 и 25 години. Поискусните мажи полесно изневеруваат. 

Овие истражувачи заклучиле дека афективните луѓе не знаат да застанат, да размислуваат за ситуацијата, туку реагираат во согласност со моменталните емоции и мисли, поради што лесно паѓаат во нечија замка.

Исто така, оние кои имале повеќе сексуални партнери во минатото се повеќе склони кон изневерување, бидејќи развиле вештини за препознавање на можност за прељуба – утврдиле научниците.

Кога станува збор за причините, главниот мотив е чувството на исклучување со партнерот и незадоволство од врската, додека нејзината должина, како што се испостави, има минимално влијание.