МАСКА ЗА ЛИЦЕ КОЈА ЌЕ ГИ НАМАЛИ ПОДОЧНИЦИТЕ И ТЕМНИТЕ КРУГОВИ ОКОЛУ ОЧИТЕ

За оваа маска потребна е една мала краставица и една лажица млеко.

Краставицата и млекото изблендирајте ги, за да добиете густа смеса.

Ефектот ќе биде уште подобар ако маската ја ставите 15 минути да отстои во фрижидер, а потоа нанесете ја на лицето и благо измасирајте го пределот околу очите.

Оставете да делува околу 30 минути а потоа измијте го лицето со млака вода.

Антиоксидантите и флавоноидите кои ги содржи краставицата ќе го ублажи црвенилото, отокот и иритацијата. А, пак, комбинацијата од кофеинска киселина и витамин Ц ќе ги намали подочниците околу очите.