4 ВИТАМИНИ ЗА ЗДРАВИ ВЕНИ

Знаеме дека видот на храната што ја јадеме влијае на нашиот имунитет, тежина, состојбата на кожата, нивото на енергија, нивото на шеќер во крвта, холестеролот, состојбата на косата и ноктите. Но, зарем ја забораваме состојбата на нашите вени?

Дури и да не страдаме од проблеми со вените, мора да внимаваме со конзумирањето на колбаси, шеќер, штетни јаглехидрати, транс масти, бидејќи тие имаат негативно влијание врз нив. Од друга страна, постојат некои важни витамини кои придонесуваат за добрата состојба на нашите вени. Погледнете кои се во нашата галерија.

Витамин Е
Моќен антиоксиданс кој е важен не само за здравјето на кожата и косата, туку се верува дека помага за подобрување на циркулацијата на крвта. Витаминот Е помага во намалување на формирањето на крвните наслаги, но и ги штити липидите од оксидација. Храна која е богата со витамини се јаткастите плодови, семките од сончоглед, лососот, пастрмката, авокадото, кивито и др.

Б витамин
Еден од најважните витамини за зајакнување на крвните садови, за кој се верува дека помага во спречување на венски проблеми. Според експертите, витамините Б12 и Б6 се едни од најкорисните за луѓето кои страдаат од проблеми со вените или згрутчување на крвта. Двата витамини помагаат во балансирање на холестеролот и хомоцистеинот. Храна која е богата со витамини од групата Б е кафеав ориз, риба, јајца, леќа, брокула, бадеми, авокадо, банани, спанаќ и друго.

Витамин К
Друг важен витамин за здравјето на вените и добрата циркулација на крвта. Покрај тоа, витаминот К помага во зајакнувањето на капиларите. Вкусни намирници кои се богати со него се спанаќ, брокула, пилешко, боранија, суви сливи, киви, авокадо и друго.

Витамин Ц
Антиоксиданс за кој знаеме дека е еден од најважните за здравјето на срцето, имунолошкиот систем и вените. Ја стимулира добрата циркулација на крвта и помага во заздравувањето на венските мембрани. Исто така, ги одржува ѕидовите на вените здрави и му помага на нашето тело да синтетизира колаген, кој е важен за неговото правилно функционирање. Витаминот Ц се наоѓа во добри количини во свежото овошје и зеленчук.