5 НАМИРНИЦИ КОИ ГО ЗАБАВУВААТ СТАРЕЕЊЕТО НА КОЖАТА

Домати

Една од најкорисните намирници за здрава и убава кожа се доматите. Тие се богати со антиоксиданс ликопен, кој е познат по неговата способност да ја негува кожата со зголемување на нивото на проколаген, што ја прави помазна и посјајна подолго време.

Шумски плодови

Иако сите бобинки се добри за нашата убавина, боровинките се исклучително добри бидејќи количината на витамин Ц е најголема во нив во споредба со другите овошја. Се верува дека присуството на антиоксидантни антоцијани во овошјето помага да се неутрализираат слободните радикали кои го забрзуваат процесот на стареење.

Авокадо

Вкусно, богато со витамин Е и комплексни витамини Б, авокадото ни обезбедува добри количини на витамин Ц. Сите овие хранливи материи ја подобруваат состојбата на нашата кожа. Авокадото содржи и омега-3 масни киселини, глутатион, за кои се смета дека го забавуваат појавувањето на брчките.

Бразилски ореви

Бразилските ореви се одлична храна кога станува збор за справување со брчките. Богати се со селен, витамин Е. Иако се корисни и вкусни, не треба да претерувате со нивното консумирање, бидејќи можат да имаат токсично дејство, но нивната консумација може да биде разновидна со други јаткасти плодови за убава и здрава кожа како ореви, бадеми , лешници.

Риба

Ако сакате да јадете риба, тогаш ова е добра вест за вашата кожа. Рибата е богата со омега-3 масни киселини, за кои се верува дека обезбедуваат заштита од штетните УВ зраци на сонцето, но и длабински ја потхрануваат, покрај тоа што ја одржуваат влажна. Лососот, на пример, содржи и антиоксиданс астаксантин, кој му ја дава оваа интересна боја. Познато е дека помага во забавување на стареењето преку борба против слободните радикали.