ЕВЕ ШТО КАЖУВА БОЈАТА НА ОБЛЕКА ШТО ЈА НОСИТЕ ЗА ВАШИОТ КАРАКТЕР

Изборот на бои, кога станува збор за облеката, зависи од настанот на кој ќе одите.

Сино

Според психолозите, сините нијанси, особено тегет, се идеални за интервјуа за работа. Според анкетите, луѓето кои ја носат оваа боја оставаат впечаток на тимски играчи, лојални и доверливи работници.

Црвено

Како што може да претпоставите, црвените нијанси се идеални за љубовни средби. Оваа боја буди страсти, а според многу истражувања жените во црвени нијанси им се попривлечни на мажите.

Сиво

Сивите нијанси се незабележителни и му помагаат на поединецот да се приклучи на секоја група без да нагласува. Затоа оваа боја се препорачува за работа и состаноци, кога нема потреба да бидете во центарот на вниманието.

Виолетова

Низ историјата, оваа боја ја носеле претежно богатите семејства, како и владетелите. Затоа, избегнувајте виолетова боја кога одите на интервју за работа или љубовен состанок, бидејќи, според психолозите, остава впечаток на извештаченост и ароганција.

Црното

Иако црната боја со години се смета за елегантна во модниот свет, психолозите велат дека оваа боја буди агресија и советуваат по секоја цена да ја избегнувате кога станува збор за одење на интервју за работа.

Зелена

Без оглед на сенката, зелената смирува и поттикнува креативност. Затоа, соговорникот може да мисли дека сте продуктивни, имагинативни и храбри.

Бело

На крајот, нежно белата, покрај тоа што е одраз на софистицираност, според психолозите, оваа боја остава впечаток дека сте организирана личност која сака да биде „под конец“.