ХМЕЉОТ ВО ПИВОТО ПОМАГА ПРОТИВ ГУБЕЊЕ НА МЕМОРИЈАТА

Хмељот од кој се приготвува пивото е добар за мозокот бидејќи може да ја подобри концентрацијата и да го забрза процесот на размислување.

Јапонските научници открија дека консумирањето хмељ исто така го намалува стресот и го подобрува расположението. Еве одлична причина да пиете пиво од време на време!

Волонтерите кои земале вакви додатоци подобро се сеќавале и подобро ги решавале математичките загатки.

Според резултатите на научниците од Универзитетот во Хунтендо, киселината во горчливиот хмељ, позната како МНБА, може да се користи против деменција. Тие откриле значително подобрување во когнитивната функција по 12 недели од земањето на додатокот.

Истражувачите работеа со 100 здрави волонтери на возраст од 45 до 69 години со селективен когнитивен пад, дефиниран како влошување на губењето на меморијата. Некои добија плацебо, а други добија додаток на МНБА. Нивната состојба е проценета со тестови.