Секој голем сон започнува со голем сонувач. Таков наш голем сонувач е младиот модел Кемал Абазоски од Струга. Иако Кемал завршил туризам и иако Струга е апсолутно добро место за развивање на туристичка професија, сепак тој се одлучил да започне да работи како модел. За нашиот портал Мисли, Кемал изјавува дека работата како модел го исполнува и прави среќен, но и дека малку тешко се развиваат работите во нагорна линија кај нас и размислува да продолжи да се бори надвор од границите на нашата држава.
„Има една поговорка вика ако не си среќен од местото каде што живееш, пресели се. Ако не си среќен од работата, променија. Ние луѓето сами сме „виновни“ за својата среќа или несреќа. Мене лично ми требаше долго време да се пронајдам себеси. Открив дека работењето како модел ме прави среќен. Ќе дадам се од себе да успеам“, вели Кемал.
На прашањето дали е задоволен од финансискиот дел со работењето на оваа професија, Кемал ни одговори дека за разлика од другите напредни држави, моделите кај нас не се многу ценети за својот труд, но иако ја знае оваа информација сепак решил да го следи својот сон, без разлика на финансиите кои ќе ги добие.
Негов идол е италијанскиот модел Пјетро Босели, кој моментално е еден од лицата на Армани.

Тимот на Мисли му посакува успех на Кемал и го поддржува во неговата борба да си го исполни сонот.


