ШТО ПРВО МИСЛАТ ЖЕНИТЕ КОГА МАЖОТ ЌЕ СТАНЕ ПРЕТЕРАНО ФИН

Ако ти купил цвеќе, а нема некоја посебна причина за тоа, веднаш се прашуваш што му е, зошто го прави тоа? Не грижете се, не сте единствените. Кога мажот станува „премногу фин“, жената обично прво се сомнева дека сака да скрие нешто, покажа новото истражување.

Психолозите утврдиле дека две третини од жените имаат тенденција да се сомневаат дека нивниот партнер е неверен ако одеднаш почне да прави нови „финти“ во кревет, а третина од испитаниците така мислат кога мажот ќе им подари накит или секси долна облека или ќе им донесе појадок во кревет.

„Сомнително“ однесување вклучува дури и обид на маж да учествува во домашните работ.

Од друга страна, ако жената одеднаш стане повнимателна, мажите прво нема да помислат дека нивната сакана нешто крие, туку едноставно ќе уживаат во тоа. Нивниот „аларм“ се гаси ако нивната поубава половина одеднаш почне да се дотерува, си купи секси долна облека и престане да им обрнува внимание.

Меѓутоа, само една петтина од жените, кога ќе забележат промени во однесувањето на партнерот, се сомневаат дека се работи за сериозна афера. Повеќето мислат дека нивната сакана сака да „прикрие“ некои мали, секојдневни „гревови“.