Колку пати ви се случило да се најдете во ситуација некој ваш пријател однапред да донесува правилни одлуки, а при тоа немајќи повеќе информации од останатите луѓе, ниту големо животно искуство? Вашиот пријател најверојатно се водел според својата интуиција.
Интуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.
Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.
Интензивната интуиција е дарба и оние кои се среќни да се родат со таква, со вежбање можат да ја доразвијат и да умеат да дадат одлични совети за тоа како треба да се справуваме со нерешените проблеми.
Зошто интуицијата е толку значајна?
Да претпоставиме дека започнувате ваш сопствен бизнис, при што имате избор да одлучите какви ќе бидат правилата на работа во фирмата. Од некој ваш соработник имате големи очекувања и мислите дека можете да му верувате, но во вистинскиот момент некој ваш близок човек со моќни интуитивни способности ве насочува во друг правец, советувајќи дека тој колега не е вистинскиот избор за вас. На крајот и самите сознавате дека тој бил во право.
Секој од вас има слушнато дека луѓе решаваат во последен момент да не се качат во авион, бидејќи јака интуиција им кажува дека не треба да патуваат тој ден. После кратко време, се дознава дека авионот се срушил. Убавината во интуицијата е токму во тоа, можноста да ја користите како голема дарба, каде и да сте.
Како да ја развивате сопствената интуиција?
Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.
Која е разликата помеѓу вашата и интуицијата на психијатрите?
Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете.
Од друга страна, психијатрите кои располагаат со јака интуиција можат многу почисто да проценат кои се вистинските одлуки кои треба да ги донесете во дадената ситуација, бидејќи тие не се лично инволвирани. Нивниот мозок не е исполнет со лични мисли кои ја блокираат интуицијата. Тие пред сè се професионалци, кои со години ја развивале својата интуиција, за да можат да ги уловат оние нешта, кои обичниот човек не може да ги види.