ЕВЕ КОЛКУ ЧАСА ТРЕБА ДА СПИЕТЕ ЗА ДА ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ

Ако спиете помеѓу 7 и 8 часа на ден, тогаш го правите она што е најдобро за вашиот мозок, покажа новото истражување за врската помеѓу спиењето и интелигенцијата.

Важно е да се напомене дека ако спиете помалку од 7 часа, дури и со релативно малку време, или повеќе од 8 часа, тоа доведува до намалени когнитивни перформанси во тестовите за интелигенција.

Половина од учесниците во студијата спиеле во просек околу еден час помалку од оптимално. Истражувачите откриле дека нивните мозоци, во споредба со мозоците на оние учесници кои спиеле во оптимални граници, биле когнитивно постари 9 години.

“Навистина сакавме да ги покриеме навиките за спиење на луѓето ширум светот. Сакавме да знаеме што е спиење во реалниот живот, а не во лабораторија. Учесниците во нашето истражување дадоа многу детални информации за себе и нивните навики”, објаснува професорот Адријан. Овен: Неговиот тим избра повеќе од 40.000 волонтери од целиот свет кои пополниле детални прашалници и поминале тестови за интелигенција.