ОВЕН
РАБОТА: Сакате да ја обновите старата деловна соработка. Не чекајте тој да направи нешто во врска со тоа, бидејќи другата страна може да биде заинтересирана. ЉУБОВ: Можеби немате доволно време за партнерот. Ако сте слободни, ќе сакате да започнете поконкретна приказна со Вага или Водолија. ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со циркулацијата.
БИК
РАБОТА: Денеска ќе имате полни раце работа. Пред вас ќе имате цел неделен план кој ќе мора да го следите. Земете ги работите во свои раце. Работодавците ќе бидат задоволни со вас. ЉУБОВ: Имате чувство дека вашата врска паднала во рутина. Променете ги работите! Сакате партнерот да ве изненади, но можеби мисли на сосема други работи … ЗДРАВЈЕ: Не прејадувајте.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА: Денеска на деловен план ќе имате повеќе среќа отколку што очекувате. Некои работи ќе се свртат во ваша корист. Не шири непроверени информации. ЉУБОВ: Заљубени сте и тоа отворено ќе го покажете денес! Ќе уживате со саканата личност, која можеби е помлада од вас. ЗДРАВЈЕ: Не сте во лоша форма.
РАК
РАБОТА: Се појавија проблеми на приватен план, па не сте фокусирани на работата. Ќе имате многу обврски без разлика на се. ЉУБОВ: Може да има проблеми во комуникацијата со партнерот или притисокот од семејството лошо влијае на вас. Раздразливи сте и не одлучувате за ништо во таква состојба. ЗДРАВЈЕ: Можни болки во пределот на градниот кош. Посети доктор.
ЛАВ
РАБОТА: Искористете ја секоја можност денес. Одржувајте контакти со Вагите и Водолиите бидејќи ќе имате успешна соработка. Денес е идеален ден за деловна комуникација и договори. ЉУБОВ: Имате чувство дека партнерот ве отфрла и не ја знаете причината. Понекогаш дури и не ги гледате сопствените грешки. Решавајте ги проблемите со искрен разговор. ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со притисокот.
ДЕВИЦА
РАБОТА: Дојде денот кога конечно нешто ќе наплатиш или ќе добиеш нео пари. Можеби не е доволно, но сè е подобро од ништо. ЉУБОВ: Не сте сигурни во вашите емоции. Треба малку да се дистанцирате, а тоа ќе го направите на суптилен начин. ЗДРАВЈЕ : Сè уште имате малку чувствителен имунитет.
ВАГА
РАБОТА: Хаотична ситуација на работното место. Можни се конфликти со колегите и подредените. Останете подалеку од Риби. ЉУБОВ: Сакате да ја поминете вечноста со партнерот. Ако сте слободни тогаш ќе прифатите некоја понуда за пијачка или вечера. ЗДРАВЈЕ: Недостаток на енергија, потребен ви е свеж воздух и одмор.
СКОРПИЈА
РАБОТА: Не сте задоволни од ситуацијата. Имате впечаток дека никој не ја врши работата како што треба освен вие. ЉУБОВ: Ве привлекува зафатена личност и големо прашање е дали ќе се спротивставите еден на друг. Ако сте во брак тогаш можни се мали конфликти со партнерот. ЗДРАВЈЕ: Нервозни сте.
СТРЕЛЕЦ
РАБОТА: Во текот на денешниот ден на работно поле ќе добиете помош од пријател или колега кои многу ги цените. ЉУБОВ: Не сте сигурни дали сакате нешто сериозно, но гледате дека сте почнале да негувате емоции кон одредена личност. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.
ЈАРЕЦ
РАБОТА: Ќе завршите некој важен проект или ќе очекувате некој да ве пофали. Тоа ќе се случи, но не денес. ЉУБОВ: Не сте расположени, па се може да ви пречи, дури и начинот на кој дише вашиот партнер. Не правете проблем каде што нема, излезете на чист воздух. ЗДРАВЈЕ: Сигурно има причина зошто треба да одите на лекар.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА: Очекувате важни вести од некоја висока институција. Добар договор со државата. ЉУБОВ: На саканата личност би сакале да и го дадете максимумот од вашето внимание. Доколку сте слободни, можна е средба, средба и нешто повеќе од флерт со Вага или Лав. ЗДРАВЈЕ: Движете се повеќе! Ја зајакнувате виталноста.
РИБА
РАБОТА: Преоптоварени сте со пари и грижи. Работите ќе ги решавате со помош на други луѓе. Некој погрешно те протолкувал, реши го проблемот уште на почеток. ЉУБОВ: Слободното време посветете го на саканата личност и ќе биде убаво. Што повеќе ви треба. ЗДРАВЈЕ: Доаѓаат подобри денови.

