Чај од ѓумбиров корен
Ѓумбирот може многу да помогне против мигрената преку спречување синтеза на простагландини (многу масни киселини што се создаваат во човечкото тело и имаат силно физиолошко дејство). Поважно е тоа што, ѓумбирот многу помага во намалување на мачнината која ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.
Етерични масла од мајчина душица и рузмарин за масажа на главата
За ублажување на главоболката, капнете неколку капки етерично масло од мајчина душица или рузмарин на вашето чело. Протријте нежно за да се впие во кожата, а потоа мирувајте неколку минути. Во една студија направена во 2010 година, истражувачите откриле дека овие масла содржат супстанца која делува анти-воспалително.
Чај од камилица
Правењето пауза во вашиот презафатен распоред, ќе ви помогне да ја испуштите тензијата која подоцна може да ви предизвика главоболка. Чајот од камилица содржи состојки кои можат да ви ја намалат болката и да ве релаксираат. Сварете шолја чај, употребувајќи една филтер кесичка. Оставете го поклопен десетина минути и по желба заладете со мед. Пополека пијте го топлото чајче, додека се одморате на некое мирно место.
Магнезиум
Истражувачите велат дека оние кои страдаат од мигрена секогаш треба да го поседуваат овој важен минерал во своето медицинско шкафче. Според истражувањата, овие луѓе имаат ниско ниво на магнезиум во нивниот мозок за време на „нападите“ или пак имаат општ дефицит од магнезиум во организмот. Но, мора да се напомене дека магнезиумот може да предизвика дијареа кај некои луѓе.
Витамин Б2
Според една студија, внесувањето 400 милиграми од овој витамин, познат и како рибофлавин може за 50 % да ги намали шансите за мигрена. Кај 60 % од волонтерите кои три месеци редовно внесувале толкава количина од овој витамин, резултатите биле позитивни.


