Свети Симеон важи за заштитник на малите деца, додека светата пророчица Ана прва му соопшти на Ерусалим дека има нов Месија.
Симеон Праведен или Симеон Богопримач е христијански светец, кој според традицијата, го поминал својот живот чекајќи го раѓањето на Исус Христос, спасителот на човештвото.
Тој важи за заштитник на децата, а неговиот празник е денот кога се исполнуваат сите желби за најмладите.
Свети Симеон, бил избран за еден од славните Седумдесетмина, кому им била доверена задачата да ја преведе Библијата од хебрејски на грчки јазик.
Симеон се смета за заштитник на децата, така што верниците кои сакаат можат да се молат за здравјето на своите најмали.
Светицата Ана била во Црквата заедно со св. Симеон кога Богородица го донела Исус. Чудото што го видела го прераскажувала на другите.


