ШТО ЗНАЕ ЧАСОТ НА РАЃАЊЕ ЗА ВАС – РОДЕНИТЕ МЕЃУ 6 И 8 ИМААТ ПОСЕБНА СПОСОБНОСТ

Секој број има посебна енергетска вибрација , така што датумот на раѓање носи специфична симболика. Постои верување дека часот на раѓање може да открие нешто ново за карактерот, личноста и енергијата на една личност. Најдете го вашиот час на раѓање и дознајте што значи тоа:

Од 24:00 до 02:00 часот – Ова се љубопитни луѓе кои сакаат авантури, се стремат кон промени и уживаат во откривањето на нешто ново во животот.

Од 02:00 до 04:00 часот – многу вредни луѓе кои често се фокусирани на материјалната страна на животот. Тие можат да бидат исклучително успешни на деловен и финансиски план.

Од 04:00 до 06:00 часот – храбри луѓе кои можат да ги надминат сите пречки и да поседуваат вештини на лидер. За нив секој проблем е предизвик од кој учат и растат. Луѓето ги слушаат нивните совети.

Од 6:00 до 8:00 часот – мистици и духовни луѓе кои имаат посебна способност за емпатија. Исто така, нивната интуиција е зајакната, па однапред можат да предвидат некои промени.

Од 8:00 до 10:00 часот – хуманисти и многу шармантни луѓе. Имаат прекрасна харизма со која победуваат. Често се во центарот на вниманието и омилени во општеството.

Од 10:00 до 12:00 часот – активни и амбициозни луѓе кои сакаат да го променат и подобрат светот. Тие се стремат кон глобални промени, а со својот пример покажуваат како се напредува и развива.

Од 12:00 до 14:00 часот – необични луѓе кои сакаат авантура, ризикуваат и имаат жива имагинација. Тие се исклучително креативни и имаат развиено чувство за естетика.

Од 14:00 до 16:00 часот – силни луѓе кои се исклучително снаодливи во тешки времиња. Тие се способни да ги решат сите проблеми, и нивните и оние на нивните најблиски. Многумина ги сметаат за незаменливи.

Од 16:00 до 18:00 часот – луѓе со внатрешен мир кои имаат можност да ја видат целата ситуација. Избегнуваат конфликти, знаат секогаш да најдат компромис.

Од 18:00 до 20:00 часот – луѓе со силна волја и способност за подвизи. Тие секогаш се подготвени да учат и да напредуваат. Она што го замислуваат, го постигнуваат.

Од 20:00 до 22:00 часот – „ѕвезди“ кои не се задоволуваат со скромна улога во животот. Тие секогаш сакаат повеќе и подобро, па постојано работат на себе.

Од 22:00 до 24:00 часот – Тоа се луѓе кои другите често не ги разбираат. Тие живеат во свој свет, имаат чист ум и големо срце.