Смеата е навистина најдобриот лек. И сега науката докажува некои од многуте придобивки од тоа. Еве седум причини зошто да се смеете подолго, погласно и почесто:
- Во една неодамнешна студија објавена во списанието Geriatrics and Gerontology International, истражувачите откриле дека терапијата со смеа ја намалува депресијата кај постарите лица.
- Истата студија покажа дека смеењето исто така го подобрува квалитетот на сонот и ја намалува несоницата.
- Смеењето може да ја ублажи и болката. Во една студија објавена во шпанското списание Revista de Enfermeria, истражувачите откриле дека смеењето предизвикува намалување на хроничната мускулно-скелетна болка.
- Редовното смеење ја подобрува работата на крвните садови и го зголемува протокот на крв, што е корисно за кардиоваскуларното здравје.
- Според експертите, споделувањето смеа со другите луѓе помага да се изградат подлабоки и посилни врски меѓу нив.
- Смеењето е докажан противотров за стресот бидејќи помага да се намали одговорот на кортизолот на телото стимулиран од стресот. Кога одговорот на стресот станува хроничен, тоа може да доведе до надуеност во абдоменот и исцрпување на надбубрежните жлезди.
- Смеењето го зајакнува имунолошкиот систем и му помага да се бори против инфекциите. Без разлика дали се борите со грип, настинка или дури и рак, смеењето е одличен лек.


