7 ЗНАЦИ ДЕКА ВНЕСУВАТЕ ПРЕМНОГУ СОЛ!

Се користи како главен засилувач на вкусот на храната, поради што е заменлив во кујната. Без оваа мешавина на натриум и хлорид, многу од вашите омилени јадења и оброци би биле практично без вкус. Иако е минерал кој е неопходен за нормално функционирање на човечкото тело, не треба да се претерува .

На нашето тело му треба многу малку сол , многу помалку отколку што консумираме во просек дневно. Препорачаниот дневен внес на сол не треба да надминува 5 грама. Бидејќи премногу сол во организмот може да доведе до многу здравствени проблеми, особено оние поврзани со кардиоваскуларниот систем и бубрезите , важно е навреме да ги препознаете симптомите на прекумерното внесување на овој минерал.

Ако имате некој од следните седум симптоми, големи се шансите да има премногу сол во вашето тело.

Главоболка

Не е невообичаено вишокот на сол во вашето тело да биде главен виновник за честите главоболки .

Голема жед

По големиот внес на сол, вашите бубрези мора да го излачат целиот вишок на овој минерал од телото, за што се потребни многу течности .

Отечено лице

Дали се будите со отечено лице ден откако ќе изедете нешто многу солено? Имено, за себе ја врзува водата која се акумулира во клетките, што предизвикува отечен изглед.

Зголемување на телесната тежина

Како што се зголемува внесот на сол, се зголемува и количината на вода потребна за да се отфрли вишокот на овој минерал. Кога на нашето тело му се потребни поголеми резерви на вода, неизбежно е тоа да влијае и на телесната тежина .

Висок крвен притисок

Прекумерното внесување сол може да го зголеми крвниот притисок , а со тоа и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Надуеност

Солените оброци предизвикуваат непријатна надуеност , како и отекување на прстите на рацете или нозете.

Камен во бубрегот

Постојаното високо ниво на концентрација на сол во организмот може да предизвика формирање на мали кристали во бубрезите бидејќи има зголемено количество калциум во урината, а со растот на овие кристали доаѓа до формирање на камења во бубрезите , многу незгодна болест. .