3 ГОЛЕМИ КАРАКТЕРИСТИКИ ПО КОИ ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ИНДИГО ЛУЃЕТО

Индиго децата се сметаат за натприродно талентирани , автентични, имаат моќ на телепатија , зголемена емпатија, тие се исклучително креативни и најчесто исклучително чувствителни. За нив се напишани разни книги и конференциски предавања, но не се знае многу. Што се случува кога ќе пораснат индиго децата? Многу експерти напишале дека стануваат луѓе кои ги нарекуваат октарин или кристали , а некои автори тврдат дека можеме да препознаеме возрасни индиго луѓе по 3 квалитетни особини :

1. Тие бараат цел и секогаш се стремат кон вистината

Индиго луѓето секогаш бараат објаснувања и никогаш не ја прифаќаат реалноста „само затоа што“ нешто е така. Тие имаат силна потреба да разберат зошто некои работи се случуваат и зошто нешто спротивно не се случува. Секогаш поставуваат дополнителни прашања, бараат цел во сè, а тоа ги поттикнува да го развиваат своето знаење цел живот. Тие се истакнуваат по својата исклучителна интелигенција, но најтешко им е да ги разберат негативните работи како омраза, војна, страдање.

2. Имаат развиено емпатија и љубов целосно и искрено

Индиго луѓето се чувствителни, сочувствителни и емотивно „длабоки“. Не можат да гледаат како другите страдаат и честопати негативните вести, дури и оние кои директно не ги засегаат, им предизвикуваат болка. Затоа многумина од нив го поминуваат целиот свој живот помагајќи им на другите, избирајќи такви професии во желба да го ослободат светот од страдањата. Покрај луѓето, тие се исклучително блиски со животните и растенијата. Животните чувствуваат посебна енергија во нив.

3. Имаат силна потреба да најдат цел во животот

Индиго луѓето често мислат дека нивната мисија е да го променат светот и да го направат подобро место. Тие ја слушаат нивната интуиција и даваат се од себе за да шират љубов и светла енергија во нивната заедница. Тие секогаш тргнуваат од своите постапки, зборови и дела за да го направат светот подобар за сите. Кога секој од нас би помислил така, овој свет навистина би станал магичен.