Времето е нешто највредно за сите нас. Ова важи за се во животот. Кога гледаме здодевен филм, присуствуваме на здодевен настан, сме во непријатно друштво, секогаш си велиме дека ова е губење време. Стануваме и заминуваме. Кога некој не изнервира, ни се меша во работата или одморот, тогаш сфаќаме дека е губење време и дека треба да внимаваме на работите кои не ни се потребни.
Но, дали знаеме кога мажот ни го губи времето? Многу е лесно да се заплеткате во нечиј шарм и сладок разговор. Времето минува и кога ќе направиме сметка, сфаќаме дека не сме добиле ништо што ни треба. Разочарани, со празни надежи и чекање.
Постојат голем број на знаци кои јасно покажуваат дека тој ви губи време, погледнете кои се тие:
- Тој е непостојан кон вас. Еден ден се труди, покажува интерес, но неколку дена подоцна вие како да не постоите за него.
- Не си стои на зборот. Друг знак дека го губите времето со овој маж е тоа што тој не ги одржува договорите со вас.
- Си игра со вас затоа што така го храни своето его.
- Вашата врска е неизвесна. И ова ве збунува, што е нормално, бидејќи можеби сте само пријатели, но знаете дека ви се допаѓа. Можеби затоа што сте интимни, но ништо повеќе. Можеби сте љубоморни и немате врска, не сте ни имале секс.
- Ви кажува дека не сака сериозна врска со вас или дека во оваа фаза не бара сериозна врска со никого. И во двата случаи може да се претпостави дека вие нема да бидете неговата следна сериозна врска, па не очекувајте да ги промени намерите кон вас.
- Секогаш вложувате напор за вашата врска, каква и да е, додека тој е пасивен.
- Емотивно не ви се открива. Кога мажот не се труди емотивно да се зближи со жена, тоа за неа е губење време.
- Ги споделува неговите проблеми, но тоа е се. Можеби грешите дека откако ќе побара мислење за одредени прашања, ќе сподели со вас во тешките моменти за него, всушност му се допаѓате и би имал врска со вас, но грешите. Тоа не значи ништо. Само се растоварува од тоа што му тежи и ништо повеќе.
- Често ја споменува својата бивша или други жени, познати или непознати за вас, а неговата симпатија кон нив е јасна во разговорот.
- Ретко го интересира како ви поминал денот, вашите викенди, не се труди подобро да ве запознае.
- Не се чувствувате посебно за него.
- Комуницирате онлајн и само кога нему му е удобно, а ретко зборувате на телефон.


