КАКО ПОМАГА УТРИНСКИОТ СЕКС?

  1. Луѓето кои редовно го практикуваат, имаат повисоко ниво на окситоцин, хормон поради кој се чувствуваме заљубено. Тој го олеснува поврзувањето со партнерот, го смалува нивото на стрес, ги ублажува симптомите на депресија и го намалува крвниот притисок.
  2. Утринското водење љубов го зголемува лачењето на серотонин и допамин, невротрансмитерите кои се одговорни за чувството на смиреност и задоволство.
  3. Полесно и побрзо ќе се разбудите ако денот го започнете со акција во креветот. Можеби нема да ви биде потребна ни утринската доза кафе. Утринскиот секс делува позитивно и на вашите мускули, на имунитетот, кожата, косата и ноктите, па и ќе ве разубави.
  4. Луѓето кои водат љубов наутро три пати неделно, имаат многу помал ризик од срцев и мозочен удар.