Поминувајте повеќе време голи. Кога сте сами дома, не се облекувајте во бањата веднаш по туширањето. Оставете ја облеката во својата соба и дотаму прошетајте се целосно голи. За да се чувствувате убаво додека сте голи, потребно е да го прифатите изгледот на вашето голо тело, а тоа никогаш нема да се случи ако постојано имате облека на себе. Веќе го практикувате голото шетање? Тогаш за промена, потанцувајте на омилената музика голи.
Запознајте го своето тело пред огледалото. Многу жени се срамат од своето тело и го избегнуваат огледалото затоа што секогаш кога ќе се погледнат во него, пронаоѓаат уште едно нешто кое сакаат да го променат. Огледалото треба да ви послужи за да се запознаете со своето тело, а додека стоите пред него треба да се научите да ги каните само позитивните мисли. Земете и едно мало огледалце за да не ги пропуштите малите детали кои ве прават неповторливи. Ако не можете задоволно да се гледате во огледалото кога сте сами, никогаш нема да можете самоуверено да застанете голи пред партнерот. Научете да го цените и сакате секој дел од своето тело.
Мастурбирајте. Најдобар начин да откриете што сакате е да го истражувате вашето тело преку допир. Не само што ќе ги откриете вашите желби, туку и ќе го навикнете телото да биде допирано. Запомнете, сексуалната самодоверба значи да сте убедени дека заслужувате големо задоволство.
КАКО ДА СИ ЈА ЗГОЛЕМИТЕ СЕКСУАЛНАТА САМОДОВЕРБА?

