КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ КОГА НЕКОЈ ВЕ ЛАЖЕ?

Однесувањето или тонот на гласот радикално се менуваат
Доколку однесувањето на личноста ненадејно се промени, од смирена кон вознемирена состојба или од енергична кон помирна состојба, тогаш постојат шанси дека не ви ја кажува вистината.

Личноста одбегнува да започнува реченица со „јас“
Луѓето кога кажуваат лаги, имаат тенденција поретко во реченицата да ги употребуваат зборовите „јас“ и „мене“, во однос на луѓето кои се искрени со вас. На тој начин, лажговците ќе зборуваат за себеси, изразувајќи се во 3л. еднина: „Оваа девојка обожава да скија“ или уште повеќе ќе го скратат јазикот: „Џезот е кул жанр на музика“. Ќе се изразат така, за психолошки да се оддалечат себеси од лагата.

Личноста има одговор за сè
Повеќето луѓе кога ќе ги прашате што правеле мината седмица, ќе подзастанат за да размислат и да се сетат. Тоа особено важи за тинејџерите, кои најчесто немаат толкав капацитет инстантно да ја ви раскажат приказната во детали. Кога една личност е сосема спремна да одговори, без ни малку да се двоуми пред да го одговори прашањето, со тоа веднаш се издава себеси дека не ја кажува вистината.

Личноста почнува да мрда и да се возбудува без причина
Доколку некој почне одненадеж да демонстрира некоја физичка активност, која изгледа беспричинска, како на пример прекумерно пребришување на очилата за гледање, повеќекратно преврзување на врвките од чевлите или упорно бришење на масата со крпа, која веќе е чиста, тогаш тоа може да значи дека ви кажува лага. Вината и нервозата која ја чувствува бидејќи ве лаже, прави да се чувствува неуморно. Ова може особено да важи, доколку личноста лаже некој кого сака.

Личноста постојано ја прокламира својата искреност
За да ни ја „продадат“ чесноста на нивните одговори, лажговците честопати користат фрази со кои ја нагласуваат валидноста на нивната изјава, како на пример: „Искрено да ти кажам“ или „Ако сакаш најискрено да ти кажам“. На ваквите вербални предупредувања, може да се додадат и оние кои повикуваат на религиски чувства, како на пример: „Ти се колнам во Библијата“ или „Само Господ ми е сведок“. Повеќето искрени луѓе, обично немаат потреба да одат толку далеку.