ФЕНГ ШУИ ОБЈАСНУВА: ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ОГЛЕДАЛО ВО ХОДНИК?

Според филозофијата на фенг шуи, сите предмети во вашиот дом, од најголемите до украсите и ситниците – имаат свое енергетско поле кое може да биде позитивно или негативно. Имено, некои од овие предмети се повеќе од непожелни во вашата близина во просторот во кој живеете, бидејќи со себе носат лоша и негативна енергија и можат да влијаат на здравствени проблеми. Исто така, многу е важно каде чувате други предмети во вашиот дом. Според оваа филозофија, ходникот е клучен бидејќи се смета за енергетска „врата“, па затоа е исклучително важно какви предмети чувате во ходникот и како ги поставувате. Во повеќето домаќинства, на влезот во домот се поставува огледало, што може да има кардинално лоши последици кога станува збор за протокот на добра енергија низ нашиот дом. Најголемата грешка ќе ја направите ако го закачите огледалото на таков начин што во него се гледа влезната врата.Според фенг шуи толкувањата на овој начин може да се случи:

  1. Позитивна и добра енергија го напушта вашиот дом, по што може да следат кавги и нетрпеливост
  2. атмосферата во куќата станува понапната
  3. привлекуваат токсични и негативни луѓе
  4. се наоѓате без пари, односно огледало во ходникот може негативно да влијае на вашите финансии