Прилепчанецот Гоце Балада направи околу 60-тина песни за само 3 години

Прилепчанецот Гоце Илиески Балада е личноста која што за само три години на македонските музички изведувачи им подари околу 60-тина песни (музика и текст), бројка која што до сега претставува рекорд на македонската музичка сцена.

Станува збор за прилепчанецот Гоце Балада кој што е композитор, текстописец, пејач, изведувач, сценарист, водител, креатор на ТВ емисии, а кон крајот на минатата година заплива и во режисерските води, при што се појави во улога на сценарист и режисер на театарска претстава која за само неколку дена се прикажа повеќе пати во неколку градови како што се: Прилеп, Куманово, Демир Хисар и Битола.

Моментално е и Уметнички Директор на фестивалот „Весели Ѕвончиња by JANA“ – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за „МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД“ и фестивал кој што години наназад секоја година премиерно се одржува во Прилеп.

Овој актрактивен и неуморлив прилепчанец во летниот период беше водител и на безвременскиот музички концепт „Време е за балада“ – со Гоце Балада. Како што знаете, станува збор за ТВ музички концепт кој што се емитуваше еднаш неделно на ТВ, а гости му беа најголемите музички имиња од македонската музичка сцена како што се: Миле Кузмановски, Јоце Панов и многу други.

Како што изјави Гоце Балада, моментално освен фестивалот, подготвува и други музички и театарски проекти и фестивали кои што ќе треба да се случат наскоро. На ваков начин, самиот тој придонесува за креирање на еден повисок степен на развој на културата, музиката и уметноста во нашата земја. Браво мајсторе – Прилепчани, и сите македонски граѓани се гордеат со тебе!