Овен
Оваа среда посветете повеќе време на убавината околу вас. Оддалечете се од рутинските активности барем неколку часа.
Бик
Во текот на овој ден некој ќе биде фасциниран од вашите манири и чувство за убавина. Доколку не сте во врска, од неа може да излезе љубовна приказна.
Близнаци
Оваа среда ќе бидете поканети да учествувате на важен настан. Не се сомневајте ниту за момент во вашите способности. Препуштете се на елоквентноста.
Рак
Оваа среда не останувајте премногу долго во затворени простории. Ви треба повеќе воздух и движење.
Лав
Овој ден можете добро да заработите. Не бегајте да барате висока цена за вашите уникатни способности.
Девица
Ова е ден кога ќе ве пленат соништата и илузиите. Избегнувајте сериозни активности – ризикувате да направите грешки.
Вага
Ако денес ве прашаат за точни одговори, ќе ви биде многу тешко да ги дадете. Донесувањето важни одлуки одложете го за друг ден.
Скорпија
Овој ден може да биде малку збунувачки. Пристапете на се со насмевка и позитивни чувства и атмосферата ќе се смири.
Стрелец
Денот е успешен за решавање на парични прашања и инвестиции, доколку сте сигурни во своите постапки. Најдете време за повеќе одмор.
Јарец
Денот е погоден за кратко патување. Ако имате можност, поминете го денот надвор од градот и вревата од канцеларијата.
Водолија
Ова е ден кога ќе можете да ги погледнете работите од друга перспектива. Објективноста ќе ви даде вредна предност.
Риби
Во текот на овој ден бидете добронамерни и насмеани. На овој начин ќе гарантирате пријатен и убав ден.

