Со следниве стратегии ќе успеете да ја достигнете вашата потребна ментална подготвеност за успех.
- Облеката нека говори за вас
Иако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура. - Вежбајте
Вежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете. - Најдете ја вашата страст
Без разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија. - Подобрете го држењето на вашето тело
Држете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно. - Примајте комплименти, но и давајте
Кога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.


