КАКО ДА ЈА ПОДОБРИТЕ КОНЦЕНТРАЦИЈАТА?

1 мисла во 1 момент
Се чувствувате расеано? – Понудете му договор на вашиот мозок кој тој нема да може да го одбие. Да, мозокот прима спогодби. Наместо да му кажете да не се грижи за други, помалку важни работи (што ќе го натера мозокот да мисли на сè што не треба), дадете му една задача со параметри за почеток и крај.

На пример: во следните 30 минути, од 13 до 13.30 целосно ќе се посветам на мојата презентација, за да можам добро да се покажам со овој предлог пред нашите ВИП клиенти.

Ако сè уште не можете да ги отстраните сите грижи од главата, запишете ги на вашата to-do листа и ослободени сте. Забележувањето на обврските кои ве загрижуваат ќе ви овозможи да не го користите мозокот како табла со задачи, па така ќе можете да се фокусирате на вашиот најголем приоритет.

Совладајте го одложувањето со 3 прашања
Следниот пат кога ќе сакате да одложите некое ваше задолжение, прашајте се:

Дали мора да го правам ова?
Дали сакам да го тргнам од глава?
Ќе биде ли полесно подоцна?
Овие 3 прашања ќе ви дадат мотивација да се ангажирате ментално бидејќи трите факти ќе ве соочат со вистината дека задачата нема сама да исчезне и одложувањето само ќе ви ја зголеми грижата на совест и ќе направи оваа тешка задача да зема уште повеќе од вашето време и мисли.

Гледајте како да е прв и последен пат
Кога вашиот ум ќе одлета некаде далеку, погледнете околу себе и видете што ве опкружува. Проучете го цветот во вазната, набљудувајте ја сликата на ѕидот. Погледнете ги вашите најважни луѓе во животот кои често ги сфаќате здраво за готово. Вака ќе ги оживувате разните ситуации во вашиот ум и повеќе ќе ги цените работите кои се непосредно пред вас.