ЗНАЦИ НА ТЕЛОТО ШТО ЈА ОТКРИВААТ НЕГОВАТА ЗАЉУБЕНОСТ

Постојат илјада знаци на за заљубеност кај мажите, за кои и самите не се свесни. Некои покажуваат со гестикулација на телото, а некои извираат од длабочините на нивната душа. Сè на сè, не ни треба многу мудрост за да ги прочитаме и за да откриеме дали ни се допаѓаат.

Овие се сигурни знаци дека му се допаѓате:

Насмевка
Еден од знаците дека му се допаѓате е постојаната насмевка. Ако мажот често се насмевнува додека зборува, тоа е сигнал дека сте го освоиле. Насмевката е несвесна акција предизвикана од убаво чувство додека е со вас и тој не може тоа да го контролира. Усните сами се протегаат кога ќе ве видат. Секако, ја има и таа неискрена и вештачка насмевка што вие, драги дами, брзо ќе ја препознаете.

Црвенило
Се прашувате „како да знам дали му се допаѓам“? Образите или целото лице му стануваат црвени кога е близу до вас! Овој сигнал ви дава до знаење дека мажот има чувства кон вас, што ги изразува на овој начин.

Контакт со очи
Контактот со очи е знак што може да биде двосмислен. Знаеме дека очите се огледало на една личност и дека секое чувство е запишано во нив. Затоа е еден од најважните знаци кога станува збор за машко-женските чувства и не треба да се сфаќа лесно. Сами знаете дека ако сакате некој, постојано ќе го гледате. Ситуацијата е иста и со момците – колку е подолг неговиот поглед кон вас, толку повеќе му се допаѓате.