КАКО ДА СИ ГО ПОДОБРИТЕ РАСПОЛОЖЕНИЕТО?

Усреќете друга личност. Не е тешко да останете рамнодушни кон туѓите чувства кога сите околу вас себично мислат само на сопствената среќа. Не бидете како нив. Живејте го секој ден со љубезност и сочувство кон другите.

Разбудете се со позитивна мисла.
Денот го започнувате со намуртено лице или оптимистички скокате од креветот? Кога ќе ги отворите очите, потсетете се дека ништо не може да ви ја украде насмевката ако вие не му дозволите.

Смислете три нешта за кои сте благодарни. Чувствувате дека нешто ве влече надолу? Застанете и помислете што ви го разубавува животот. Пронајдете три работи за кои сте благодарни. Тоа може да биде успешната љубовна врска, ведрите и воспитани деца, одличното здравје или едноставно фактот што постоите на овој свет.

Ослободете го плакарот од облеката во која не се чувствувате убаво. Дел од вашиот плакар е наменет за претесна облека која ви служи како мотивација за слабеење? Чувате облека која ви создава негативни чувства? Подредете го плакарот, но оставете ја во него само облеката која ви ја покачува самодовербата и ви го подобрува расположението.

Предајте се на моментот.
Ние луѓето сме чудни суштества – постојано се обидуваме да контролираме сè околу нас, заборавајќи дека мрежата од планови само нè спречува да уживаме. Да се препуштите на моментот не значи да се откажете од контролата врз сопствениот живот, туку понекогаш да бидете спонтани, дури и кога не можете да го предвидите резултатот од своите постапки и да научите нагло да вртите во моментите кога промената не била дел од вашите планови.

Завршете одложувана обврска.
Многу луѓе ја користат презафатеноста за да ја оправдаат сопствената неодговорност и одложувањето на исполнувањето на обврските. Но, истите тие натрупани обврски често ни го уништуваат расположението. Справете се со стар проблем, исполнете долго одложувана задача, направете го лекарскиот преглед кој постојано го оставате за друг ден. Намалувањето на списокот со работи кои треба да ги направите ќе ви го подобри расположението.

Научете нешто ново.
Предизвиците и новитетите се клуч кон среќата. Луѓето кои постојано учат нешто ново, независно дали тоа е нова игра или нов јазик, или пак, едноставно посетуваат ново место, се посреќни од оние кои ги преферираат познатите активности. Човечкиот мозок е стимулиран од неочекувани изненадувања, а справувањето со новите задачи ни дава неверојатно задоволство.

Секој ден потсетувајте ги блиските и себеси за вашата љубов.
Пред да излезете низ вратата, кажете им на вашите деца колку ги сакате, испратете му љубовен СМС на вашиот сакан, застанете пред огледалото и потсетете се дека ви се допаѓа личноста која ја гледате. Кога срцето ви е отворено за љубов, вашето расположение ќе се движи во позитивна насока.