Жените се поемотивни суштества и како такви, доживуваат многу „розови“моменти во интимата. Дури и ако се во неодредена љубовна врска, по сексот очекуваат партнерот да ги побара. Следниот ден или истиот. Тоа не се случува секогаш. Понекогаш излегува дека наишле на тип на човек кој е целосно губење време и емоции.
Кои се другите можни причини зошто тој не те побарал после сексот?
- Не сакал секс и жал му е што ти се допаднал.
- Не е сигурен како се претставил, без разлика дали си задоволна.
- Има девојка или жена за која не знаеш или за која си веќе информирана.
- Можеби во истото време тој се сретнал со друга и одлучил дека таа му е поинтересна.
- Тој сè уште е збунет за тоа како се чувствува кон тебе.
- За него, ова е нешто како правило и очекува прво ти да го бараш.
- Сакал само секс и го добил.
- Не бара сериозна врска, но не му пречи да те гледа само за секс, што значи дека е поголема веројатноста да те бара кога повторно ќе посака.
- Тој е помлад од тебе и неискусен во комуникацијата.
- Го направил тоа за да ја зголеми твојата самодоверба, за да се чувствуваш посакувана од спротивниот пол.
- Тој те избегнува затоа што смета дека не треба да изгледа премногу заинтересиран за тебе, па веројатно ќе ти испрати порака за неколку дена или ќе ти се јави.
- Тој не се грижи за тебе и ова е неговиот безболен начин да ти го покаже тоа.
- Ти покажа премногу интерес за него со тоа што често си му пишувала и си му се јавувала.
- Тој не чувствува обврска да ти се јави само затоа што се среќавате од време на време.
- Тој бил навистина зафатен со работа, лични обврски и проблеми.