Мислењата и информациите за тоа колку е корисен сексот за нашето физичко и ментално здравје се бесконечни. Се поставува уште едно важно прашање: Колку секс е доволно за да бидете здрави и да се чувствувате добро?
Секс експертите и медицинските лица се трудат да одговорат на прашањето со години. Вистината е дека нема единствен одговор на ова прашање. Погледнете до какви заклучоци дошле специјалистите:
- Колку средно секс има еден човек?
Една неодамнешна студија на Плејбој покажува дека лицата на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат секс двапати неделно, додека оние помеѓу 40 и 49 години, бројот на интимни акти годишно изнесува околу 69. - Зошто сексот е надвор од приоритетите после стапувањето во брак?
Според експертите, причината не е намалената желба за партнерот, туку зголемените одговорности кои го намалуваат либидото. - Дали е доволно еднаш неделно?
Научниците велат дека сексот еднаш неделно е доволен за да се биде среќен, но за тоа колку и каква среќата се работи не е дефинирано. - Престанете да се водите од некаков наметнат минимум или максимум
Сексот е потреба и за секој човек е индивидуална. Вие не треба да следите одредена бројка, да ги задоволите вашите инстинкти и вашите потреби. - Колку сексуални односи имаат луѓето кои се во брак?
Истаржувањето од 2016 година покажува дека 15% од двојките немале секс шест месеци. Само 34% биле под покривките 2-3 пати неделно.