Застапниците на филозофијата на фенг шуи веруваат дека овие предмети не треба да се наоѓаат во вашиот дом бидејќи ја исцрпуваат и ви ја одземаат позитивната енергија.
- Кршени, стари и истрошени работи
Единствениот начин да го исчистите вашиот енергетски дом и да ја отворите вратата за убави и позитивни вибрации е да се ослободите од овие работи. Мора добро да си го прегледате домот, колку стара и искината облека имате, скршени очила, стари футроли за весници, искршени уреди и апарати… Веројатно имате грст работи кои веќе не работат и немаат цел. Задолжително фрлете ги! Сите овие работи можат да го блокираат влегувањето на добрата енергија во вашиот дом.
- Полнети животни и рогови
Убивањето на друго живо суштество без причина и оставањето крзно или рогови во куќата може да донесе само енергија на смртта. - Африкански маски со тажни и вознемирени лица
Многу луѓе сакаат да ги украсуваат своите домови со вакви и слични сувенири, но експертите за фенг шуи немаат добро мислење за ваквата декорација. Причината е што нашиот ум е како огледало: ако гледате маски кои се тажни, депресивни, вознемирени, збунети и слично, тоа може да влијае на нашето расположение.


