СЕМКИ ОД ТИКВА – ДОБРИ ЗА СРЦЕТО И МОЗОКОТ

Тиквата е природен извор на важни елементи како што се железо, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Исклучително богата со витамин Б, Ц. Тиквата содржи и голема количина на витамин А, кој го штити телото и одржува правилни невролошки и имунолошки функции во телото, исто така е одговорна за здрава и негувана кожа. Семките од тиква се исклучително вредни по содржина – растителни масти, органски киселини и амино киселини, протеини, повторно витамини од групата Б, минерали, шеќери, растителен пектин, железо, калиум, калциум, фосфор и друго.

Целото јадро на тиквата е богато со корисни влакна и важни микро и макронутриенти. Семките од тиква се исклучително хранливи, содржат разновиден комплекс на вредни материи. Имаат солидна витаминска концентрација – А, Ц (аскорбинска киселина), К, Е и некои Б витамини – Б1, Б2, Б5, Б6, Б9.

Семките од тиква имаат минерали железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, бакар и манган.

Засега е јасно дека семките не треба да се занемарат, а еве повеќе за нивните неверојатни лековити придобивки. Семките од тиква се сметаат за активни за:

  • зголемување на имунитетот;
  • неутрализација на гастроинтестинални непријатности;
  • отстранување на дигестивни проблеми;
  • спротивставување на нарушувања во уринарниот систем;
  • спречување на воспаленија и инфекции;
  • поддршка на кардиоваскуларниот систем.