Гледањето на рака, подобро познато како хиромантија, се практикува стотици години низ целиот свет. Се смета дека е измислено од индиски астролози уште во најстари времиња. За првпат овој феномен е спомнат во стари кинески книжевни дела за астрологијата. Еден од наједноставните начини за гледање на рака не е на дланката, туку на рачниот зглоб. На зглобот има одреден број линии. Се верува дека колку повеќе се тие, толку подолго ќе живее човекот што ги има. Најчесто, бројот на линиите е од 2 до 3, но исто така може да бидат и 4. Секоја од нив има свое значење и може да открие важни работи за животот на секој човек.
Првата и најважната линија се однесува на здравјето на луѓето. Ако е непрекината, тоа значи дека вашето здравје е во добра состојба. Втората линија го мери богатството. Ако е јасно изразена, ве очекува и светла и сигурна иднина. Третата линија го покажува нивото на власт што ќе ја имате во животот. Тука важи истиот принцип за јасна изразеност и непрекинатост. Присуството на трета линија на рачниот зглоб гарантира дека ќе живеете најмалку 69 години, а зошто да не и до 84 години.
Четвртата линија е ретка појава. Таа најчесто е паралелна со третата и е поврзана со неа. Ако имате таква линија на вашата рака, тоа значи дека нема да имате само власт, туку и солидна положба во животот. Луѓето со четврта линија живеат повеќе од 84 години!


