ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА ДОБИЕТЕ НАЈУБАВА ПОРТОКАЛОВА БОЈА ЗА ЈАЈЦА

Не ви требаат никакви хемикалии или боја од кеси за да ги бојадисате велигденските јајца. Најубавите нијанси можете да ги добиете и со помош на состојки кои секако ги имате во кујната.

Светло портокалово ќе го добиете на следниов начин:

Сварете 2 чаши вода. Додадете 4 лажици мелен пипер и оцет. Мешајте додека не се соединат. Добиената смеса истурете ја во тегла и оставете да се излади на собна температура. Ставете го јајцето во тегла и оставете го да се впие во бојата.

Кога ќе се задоволите со бојата, извадете го јајцето со лажица со решетка, исплакнете со ладна вода и оставете да се исуши.

Совет: За бојата да изгледа што е можно поубаво, претходно избелите го јајцето.