МАЖИ СО ГИТАРА – МАГНЕТ ЗА ЖЕНИ

Мажите веруваат дека жените ги привлекува само нивната висока плата. Но, една нова студија покажа дека сите господа што треба да го освојат женското срце потребно е само гитара.

Мажите кои свират гитара веднаш им се допаѓаат на жените, бидејќи тие го ставаат овој талент над платата, работата и интересните хобија. Еден маж разговарал со 300 жени во 20-тите и 30-тите години во Франција со или без гитара во рака. Кога носел гитара, 31% од понежниот пол му го дале својот телефон наспроти само 14% кога тој не носел ништо и 9% кога носел спортска чанта.



Истото истражување било спроведено на анкетниот сајт Lovestruck.com и таму 62% од жените кои се членови , изјавиле дека мажот што свири гитара е многу попривлечен од припадникот на посилниот пол без музички вештини. 46% од нив се изјасниле дека гитаристите се сериозни, сентиментални, креативни, а тоа се квалитети кои многу ги цени партнерката. 37% рекле дека би било романтично да се добие серенада од човек со музички вештини, а 39% рекле дека би биле сочувствителни за маж кој не изгледа добро, но знае да свири гитара.