ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОИ ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ РАЗДЕЛБАТА ВО МАЈ

Иако се очекува да биде многу убав и мирен месец, мај ќе донесе некои потешки знаци за некои хороскопски знаци. Тие ќе бидат резултат на разделба со партнерот, но што и да се случи, запомнете дека е на подобро. Можеби ова не беше личноста која ќе ве направи вистински среќна и можеби наскоро ќе ја сретнете вистинската љубов.

Погледнете кои се трите хороскопски знаци кои многу веројатно ќе ја преживеат разделбата во мај:

Стрелец

Знаеме дека овој знак е многу тешко да ја толерира осаменоста, па затоа многу ретко ќе го видите Стрелецот неврзан. Штом врската ќе заврши, овие хороскопски знаци тргнуваат напред кон пронаоѓање нов партнер и речиси немаат време за грижа.

Понекогаш, сепак, тие се мешаат со погрешна личност, како што може да бидат во моментот.

Стрелците ќе доживеат разделба овој мај и ќе се чувствуваат тажни, но мора да запомнат дека сето тоа е на подобро.

Рак

Ракот е романтичар во срцето, го сака семејството и удобноста во домот. Сака и романтични изненадувања. Многу тешко и болно ја прифаќа разделбата со партнерот, бидејќи секогаш се заљубува. Овој мај Раковите ќе раскинат со партнерот и ќе паднат во мала депресија, но тоа брзо ќе помине бидејќи на хоризонтот ќе се појави нова личност.

Близнаци

Има една област во која тие не се особено успешни – романтичните врски. Постојано се плашат да не загубат сакана личност, па се трудат да одржуваат контакт. Многу партнери почнуваат да ја користат силната приврзаност на Близнаците за себични цели. Иако претставниците на овој хороскопски знак се многу трпеливи, дури и нивното трпение порано или подоцна завршува.

Овој мај во личниот живот на Близнаците нема да биде се така мазно како што тие би сакале.
Во средината на месецот постои голема веројатност да ја прекинат врската. Но, не очајувајте, бидејќи вашиот шарм ќе ви помогне да најдете друг партнер со кој сè може да биде многу поуспешно.