Кога ќе ви здосади само да седите до ѕид, имаме предизвик за вас кој ќе покаже колку сте навистина во форма. Потсетуваме дека ќе имате исклучиво корист од правилно изведување на оваа вежба, што значи дека грбот е исправен додека сте потпрени на ѕидот, а колената ви се свиткани под агол од 90 степени во седечка положба. Можете да ги држите рацете до ѕидот, на бутовите или на колковите. На крајот, не заборавајте да ја прилагодите вежбата на вашата физичка кондиција и да престанете да ја правите додека сеуште имате сила да станете.
План за предизвик
- Потпрени на ѕид 1 минута и 30 секунди;
- Одморете 30 секунди;
- Потпрени на ѕид 1 минута и 15 секунди;
- Повторно одморете се 30 секунди;
- Спуштете се уште пониско, како да правите чучњеви, истегнете ги рацете и останете во таа положба 1 минута;
- Одморете 30 секунди;
- Потпрени на ѕидот 45 секунди;
- Одморете 30 секунди;
- Потпрени на ѕидот 30 секунди;
- Одморете 30 секунди.
Звучи заморно, нели? Па, вежбите уште не се завршени. Сега е време да се повтори секој чекор, но од последниот до првиот. Доколку успеете да го завршите овој предизвик, вие сте во одлична физичка форма. Доколку сте застанале кога сте го завршиле последниот чекор и не сте почнале да правите нови серии на вежби, туку во обратен редослед, ќе ви треба уште малку време додека не бидете доволно силни за да го завршите овој предизвик. Доколку, пак, не сте успеале да завршите половина од овој предизвик, тоа е знак дека треба дополнително да работите на силата на долните екстремитети.