ДАЛИ ВИ ПРЕЧИ ПОЛЕНОТ? ЕВЕ КАКО ДА ГИ НАМАЛИТЕ СИМПТОМИТЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Поленот моментално е на највисоко ниво, а доаѓа од дрвја, цвеќиња и трева. Како тогаш да се намали неговиот ефект, без назални спрејови и капки за очи?

Вазелин

Повеќе од самиот хидратантен крем, вазелинот делува како бариера – го задржува поленот за да не го вдишувате. Но, за да биде тоа ефективно, вазелин треба да се нанесува на внатрешниот дел од носот, односно слузокожата и тоа секој ден најмалку две недели пред да очекувате да почнат симптомите.

Пчелен полен

Многумина се колнат дека една лажичка мед дневно ја намалува чувствителноста на полен и помага во ублажување на симптомите на алергија. Полен или пчелен полен го произведуваат пчелите кога слетуваат на цвет, а уникатното соединение содржи голем број на хранливи материи, есенцијални масни киселини и флавоноиди кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението, потенцијално потиснувајќи ги симптомите на алергија на полен. Се препорачува да земете само мала количина прашок, а важно е да запомните дека се разликува од медот, кој може да содржи и други материи.

Ананас

Тропското овошје е полно со ензим наречен бромелаин кој се бори против воспалението за да го намали отокот и иритацијата предизвикана од поленот и другите сезонски алергени. Ананасот содржи и витамин Ц, а бромелаинот дури помага и во намалување на симптомите на астма како што се кашлање и стегање во градите, спречувајќи иритација и воспаление на целиот респираторен тракт.

Чај

Чајот има антиоксидантни својства кои можат да го намалат воспалението, а чајот од пеперминт е добар избор, бидејќи неговиот силен мирис може да помогне во чистењето на носните пасуси. Исто така, се препорачува чајот од камилица да се користи како обвивка за очи, за да се оладат отечените, црвени очи.

Пред спиење, задолжително туширајте се за да го измиете целиот полен од косата и кожата и ставете ја облеката да се измие. Друг совет е да избегнувате сушење алишта надвор, бидејќи поленот од воздухот може да се залепи на чистата облека и да се залепи на материјалите.