Болести на желудникот – ова е проблем кој ги погодува се повеќе луѓе. Д-р Светлана Ишченко , специјалист за заразни болести, ги наброја намирниците кои прво треба да се исклучат од секојдневната исхрана, во спротивно ќе ви го убијат стомакот.
„Едноставно е: ако бројот на штетните елементи во желудникот систематски ги надминува разумните граници, тогаш хроничните болести се неизбежни“, вели докторот.
- Паста од домати
Дали сте изненадени кога ја гледате на оваа листа? Доматите се контраиндицирани за оние кои имаат стомачни проблеми. Ова се должи на високата содржина на танинска киселина во пастата.
- Алкохол
Речиси и нема човек кој не знае дека алкохолот е штетен за желудникот. Но, газираните алкохолни пијалоци се уште поштетни од другите.
- Маринирани производи
Исто така, треба да се избегнуваат бидејќи содржат огромна количина оцет, што е стрес за желудникот.
- Лути сосови и сенф
Исклучително агресивно делуваат и на стомакот.
- Транс масти
Во последно време многу се зборува за штетите на овие евтини замени за маснотии, но луѓето продолжуваат да ги консумираат. Внимателно прочитајте ги состојките на храната што ја јадете. Транс мастите често се наоѓаат во колбаси, колачи и млечни производи.
- Пржени јадења
За да ги свари, желудникот произведува огромно количество желудечен сок, што е штетно за него.
- Колбаси
Тие се само складиште на канцерогени! Со честото консумирање, колбасите можат да предизвикаат тешки патологии и рак.
- Газирани пијалоци
Газираните пијалоци, особено засладените, буквално ја раствораат слузницата на ѕидовите на желудникот. Не ги консумирајте и не нудете ги на вашите деца.
Важно: написот е само за информативни цели и не може да ја замени консултацијата со специјалист!


