Речиси и да нема човек кој денес не е под стрес дома или на работа, а често не ни сфаќаме колку телото страда од тоа. Кога стресните ситуации следат една по друга, последиците се неизбежни. Вашето тело испраќа алармни сигнали – препознајте ги на време.
Несоница
Ако речиси секоја вечер се будите исплашени и вознемирени, најверојатно ќе бидете под стрес. Стресот е една од најчестите причини за лоши соништа и кошмари. Друг проблем со спиењето може да биде знак дека сте под стрес – ова е несоница. Иако сте уморни, само се вртите и не можете да заспиете. Постојано размислувате за своите грижи и проблеми и не можете да се опуштите.
Забоболка
Ако ве боли заб кога ќе се разбудите, тоа значи дека веројатно сте ја поминале ноќта крцкајќи со забите и стискајќи ги мускулите на лицето.
Почесто се разболувате
Ако кивате почесто, имате болки во мускулите или главоболки, сигурно е дека телото ви кажува малку да забавите. Слабеењето на имунитетот доаѓа како одговор на стресот.
Губење на косата
Секое утро додека ја чешлате косата, забележувате дека на чешелот има се повеќе влакна. Слично е и кога ја миете косата. Прекумерното опаѓање на косата често е еден од знаците дека сте под стрес.
Сите овие знаци се сигнали да го сфатите сериозно вашето здравје и да побарате лекарска помош!