Мајките кои чекаат бебе во мај имаат посебни причини за славење.
Родените во мај се вистински среќници, па не се вели без причина дека „пролетта ќе ги следи цел живот“.
Интересното истражување резултираше со дури пет причини зошто бебињата родени во мај се посебни:
1. Тие се вистински среќници
Интернет анкетата спроведена во 2014 година, во која учествуваа повеќе од 40.000 луѓе, откри дека луѓето кои слават роденден во мај се посреќни од другите. Според британскиот психолог Ричард Вајсман, кој го водел споменатото истражување, тоа би можело да се должи на „промени во начинот на кој некои родители комуницираат со своите бебиња во текот на летото и зимата“.
2. Тие се оптимисти
Во друга интернет анкета, во која учествувале речиси 30.000 луѓе, Вајсман открил дека луѓето родени во мај имаат попозитивен поглед на животот, а сличен заклучок дошол и во студијата Журнал за афективни нарушувања од 2011 година. Шведскиот психолог Џанти Чотај вели дека тоа би можело да се должи на влијанието на дневната светлина врз допаминот, кој го контролира центарот за задоволство.
3. Тие се ноќни птици
Студијата од 2009 година објавена во списанието Sleep покажа дека пролетните и летните бебиња ќе си легнат подоцна, за разлика од децата родени во текот на есента или зимата.
4. Имаат помал ризик од респираторни заболувања
Бебињата родени во мај се подобро заштитени од респираторни заболувања од другите, според студијата објавена во 2015 година во Американското здружение за медицинска информатика. Истражувањата покажаа дека овие деца имаат помала веројатност да развијат астма или респираторни инфекции.
5. Имаат помал ризик од алергии
Според студијата на Универзитетот во Саут Хемптон од 2016 година, децата родени во пролет се помалку изложени на ризик од развој на алергии, астма и егзема.


