Иако постојат некои знаци за кои сите мислат дека се некомпатибилни, понекогаш е многу валидно клишето дека „спротивните се привлекуваат“. А всушност, постојат некои хороскопски парови чии разлики одржуваат стабилност во нивните односи. Љубовта не е лесно да се дешифрира и е строго индивидуално чувство, но сепак да видиме кои се овие парови на хороскопските знаци:
Рак и Девица
Раковите се многу емотивни и романтични, постојано им треба внимание и грижа од саканите. Сепак, тие се и прилично љубоморни и потсвесно треба да го проверат партнерот. Ова може да ги задуши Девиците, а тие никогаш не ги кријат чувствата – ќе го кажат своето мислење на малку погруб начин што Ракот не би го сакал. Ова може да предизвика недоразбирање меѓу двата лика, но љубовта меѓу нив не е невозможна.
Вага и Скорпија
Скорпиите не се многу трпеливи со љубовните партнери. Вагата е прилично колеблива и неодлучна, а тоа не само што може да ја разбесни типичната Скорпија, туку и да ја излуди. Но, сепак, ова се моментални ситуации кои вистинската љубов може да ги надмине и секој може да направи компромиси за доброто на врската. Претставниците на овие два хороскопски знаци можат да најдат многу заеднички карактеристики кои ја зајакнуваат и зачувуваат нивната хармонична врска.
Бик и Водолија
Биковите никогаш не се сигурни во искрените чувства на партнерот, што секогаш предизвикува сериозна љубомора и опсесија. Водолијата не сака да ги изразува и покажува своите чувства, што се покажува како сериозен предизвик за Бикот. Веројатно можете да погодите какви може да бидат последиците од таквата врска, но сепак има надеж во среќниот крај на ваквата љубовна врска помеѓу Бикот и Водолијата. Како што веќе спомнавме, во љубовта нема граници и објаснувања – се е можно!
Риби и Лав
Рибите се поинтровертни личности кои сакаат да идеализираат се околу себе. Сепак, не им е лесно да се навикнат да живеат заедно со друг. Тие можат да бидат и многу наивни во врската и да ја намалат својата самодоверба и да се препуштат во рацете на другиот. Ова е одлична можност Лавот да блесне и да ја покаже својата доминантна страна. И колку и да настанат мали расправии во нивната врска, овие два знака имаат сериозни сличности кои можат да ја задржат нивната врска, се разбира, со помош на вистински чувства.


