ОВИЕ НАМИРНИЦИ ВИ ПОМАГААТ НА ЗДРАВ НАЧИН ДА ГО НАМАЛИТЕ ЧУВСТВОТО НА ГЛАД

Ако планирате диета, или сакате да го намалите внесот на храна, еве неколку намирници кои ви помагаат да го регулирате апетитот.

Јаболко пред јадење

Идеално е да се јаде јаболко половина час пред оброк, бидејќи ќе поттикне чувство на ситост. Со оглед на тоа што се полни со вода и растителни влакна, јаболката се идеално овошје за грицкање, а некои истражувања дури покажаа дека телото троши многу калории со готвење јаболка.

Авокадо за ситост Ако изедете половина авокадо со ручек или после ручек, нема да чувствувате глад цело попладне, тврдат нутриционистите. Според студијата објавена во списанието Nutrition, жените кои јадат половина авокадо за време на ручекот покажуваат 25 отсто помала желба за храна три сега после оброкот и помалку се во искушение да посегнат по грицките.

Супа пред јадење

Супата е идеален почеток на секој ручек. Една чинија супа содржи многу малку калории, и многу витамини и минерали, освен што после супата ќе изедете 20 отсто помалку од главното јадење. Исто така, супата физички зафаќа многу простор во желудникот, па јасно е дека не можете да јадете особено голема количина на храна потоа.

Краставици за метаболизам



Содржат малку калории и многу вода, што ги прави идеална храна за сите кои сакаат да ослабат. Освен свежи, добри се киселите краставички, како и другиот кисела зеленчук, бидејќи симулираат производство на хормони кои испраќаат импулс од цревата и желудникот до мозокот дека сте сити. Тие делуваат и како пробиотиц

Лути пиперки

Капсаицинот содржан во нив го забрзува метаболизмот, а една неодамнешна студија од Универзитетот во Мастрихт покажа дека помага и во контрола на апетитот. Ако додадете ¼ лажичка чили во вашиот оброк, ќе се заситите побрзо и ќе јадете помалку, а ќе внесете и до 25 проценти помалку калории во текот на денот.

Бадемите го потиснуваат гладот

Јаткастите плодови, особено бадемите, се многу корисни за сузбивање на чувството на глад, бидејќи се богати со здрави незаситени масти, протеини и растителни влакна. Овие три хранливи состојки заедно, го регулираат метаболизмот и нивото на шеќер во крвта, чиј пад е одговорен за чувството на глад.Водата го мами чувството на глад

Кога сме дури и малку дехидрирани, може да се чувствуваме гладни, бидејќи симптомите на глад и жед се многу слични. Затоа, кога ќе добиете напад на глад, пијте вода и почекајте 10 минути, бидејќи има големи шанси да поминете.