МАСКА ЗА НЕЖНИ И МАЗНИ СТАПАЛА

Женските стапала треба редовно да се негуваат. Тие треба секогаш да бидат мазни и привлечни, преку целата година, а не само во текот на летните месеци. Најголемиот и најчестиот проблем кој го уништува убавиот изглед на стапалата е грубата кожа и испуканите пети. Направете си домашна маска со која петите ќе ви бидат беспрекорно меки:

1/2 зрела банана
лажичка мед

Бананата изгмечете ја со вилушка додека не добиете каша и потоа во неа измешајте го медот. Смесата од овие две состојки нанесете ја на стапалата со фокус на петите на кои кожата е најтврда, па потоа замотајте ги стапалата со проѕирна фолија и оставете маската да делува барем 15 минути. На крајот исплакнете со млака вода.