Полицискиот службеник на ФБИ, Шон Арчер (Џон Траволта), чиј син е убиен од страна на Кастор Трој (Николас Кејџ) , со години се обидува да го уапси и да го изведе на судење. За конечно да го уапси и да го спречи новиот план на убиецот, Шон започнува со ризична и опасна хируршка операција со цел да го „преземе“ лицето на Кастор кој е во кома. На тој начин се обидува да открие каде во градот Кастор ја поставил бомбата. Работите одат наопаку кога Кастор ќе се разбуди од кома и ќе го добие ликот на Шон. Тогаш никој од нивната околина, освен двајцата, не знае кој е реалниот. Во овие промени во улогата, вистинскиот Шон не знае како да се носи со новата улога, додека вистинскиот Кастор ужива во новата улога и вешто ја злоупотребува. Мистеријата ја решава сопругата на Шон, д-р Ив Арчер , кога вистинскиот Шон сега во ликот на Кастор и кажува дека тој е всушност нејзиниот вистински сопруг и дека тоа може да го провери врз основа на тест на крвта. Откако го ислушува, Ив доаѓа до шокантно откритие кое на крајот ја решава мистеријата.
FACE/OFF- ФИЛМ КОЈ ЈА РАЗБРАНУВА ФАНТАЗИЈАТА
