ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ЌЕ ПОВРЕДИТЕ СИЛНА ДЕВОЈКА…

Кога ќе повредите силна девојка, ќе ја оставите дезориентирана. Таа нема да знае што да прави во овој момент и само ќе се скрие некаде за да се бори со болката. Затоа што една ваква девојка е предолго силна, но не може повеќе да го прави тоа. Ќе вреска, ќе плаче, ќе ја уништи цела куќа и ќе изгледа лудо. Таа потоа ќе го прифати она што се случило и ќе се повлече на безбедно место, во својата оаза на мирот, за да заздрави и да се опорави правилно.

Кога ќе повредите силна девојка, ќе ја натерате да се сомнева во нејзините одлуки

Ќе почне да се прашува дали донела добра одлука во животот кога ве оставила. Толку ќе биде лута на самата себе што дозволила некој да ја расплаче и да ја изневери. Тогаш таа ќе сфати дека повторно е слободна и јасно ќе ги види работите. Таа ќе и се заблагодари на судбината што и дала уште една шанса да биде среќна. И овој пат ќе направи многу подобар избор.

Кога ќе повредите силна девојка, ќе видите вистинска страст и храброст

Ќе си замине како вистински победник, со крената глава и без солзи во очите. Силната девојка знае дека нешто подобро ќе се случи и едвај чека да види што носи иднината. Кога ќе видите колку е убава и горда без вас, ќе зажалите што ја изгубивте.

Кога ќе повредите силна девојка, тоа ќе ја повреди само на кратко

Таа нема да го помине остатокот од животот прашувајќи се дали згрешила нешто и дали таа е виновна за распадот на вашата врска. Откако ќе се опорави, ќе продолжи со животот и нема да плаче затоа што се е готово, туку ќе се насмее затоа што се случило.

Кога ќе повредиш силна девојка, само и правиш услуга

Дури и да не сте свесни за тоа, и помагате да стане посилна отколку што е. На овој начин и покажувате дека има толку многу можности и дека нема потреба да се посвети на првата личност во која се заљубила. со.. И помагате да сфати дека животот е убав и дека има толку многу работи што ќе ја направат среќна и задоволна.