Кога ќе ги прашаме жените каков маж преферираат, голем дел од нив ќе одговорат дека освен љубовен, љубезен и шармантен, нивниот партнер мора да биде и повозрасен од нив.
Според понежниот пол, зрелите мажи се попаметни, постабилни и попредвидливи. А за секоја жена која сака сериозна врска, ова се некои многу важни квалитети.
Нејзе ѝ треба некој кој ќе ја издржува, ќе се грижи за семејството и нема да се однесува како разгалено, незрело момче. Затоа врската со постар маж се смета за многу поуспешна и потрајна. Но дали е тоа така?
Кои се добрите и лошите страни на врската со постар маж?
Позитивни:
Има повеќе животно искуство
Постарите мажи се претпоставува дека се стабилни и имаат изградено кариера. Ја поминале фазата кога забавата со пријателите била во прв план и сега им е важно семејството.
Возрасните мажи се соочиле со многу работи во животот, па затоа треба да бидат поинтелигентни и порешителни. Тие се самоуверени и знаат што сакаат и во животот и во спалната соба.
Финансиски е стабилен
И не е до тоа колку пари заработува, туку колку ќе заштеди. Човекот до вас можеби не е богат, но има стабилна работа и знае како да ги распредели финансиите. Се грижи за својата иднина затоа што сака еден ден да обезбеди добар и мирен живот за своето семејство.
Тој е емотивно стабилен
Постарите мажи се најмирните човечки суштества. Ова ќе биде одлично за оние жени кои се преплавени со емоции и имаат потреба од некој да ги балансира работите, да ги смири.
Докажано е дека со текот на годините мажите стануваат посмирени и поразбирливи, а тоа е многу важно за развојот на врската. А меѓу другото, зрелите мажи се одлични слушатели.
Тој е повеќе романтичен
Додека за помладите момчиња, кои се во виорот на младоста, важно е да однесат девојка во кафеана и ако имаат среќа да ја „легнат“, постарите мажи се држат за романсата.
Ќе ве опсипуваат со бакнежи, убави зборови, романтични гестови за да бидете сигурни дека сте среќни. Па, се разбира, овие работи се многу индивидуални, но општата вистина е дека ако сакате повеќе романса, треба да изберете маж во зрелоста.
Негативни:
Се плаши од врски
Ова важи за повеќето мажи, без разлика на нивната возраст. Но, сепак, позрелите мажи имаат повеќе искуство, што значи дека можеби имале повеќе врски. Ако многу од нив завршиле лошо, голема е веројатноста оваа личност да се плаши да се посвети и да влезе во нова врска. Важно е да не го притискате, но ако сакате нешто сериозно, покажете му дека нема да бидете како неговата бивша.
Тој е посериозен
Ова може да биде плус на многу начини. Но, поентата овде е што постарите мажи многу посериозно го сфаќаат животот и често забораваат да се шегуваат и да се забавуваат. А сепак не можеме без забава, нели?
Многу е веројатно да се изгубите во монотонијата на неговиот живот: доаѓа дома после работа, прашува каде е вечерата, го вклучува телевизорот да гледа натпревар и потоа заспива бидејќи утре е повторно рано за работа. Тука треба да се вклучите и да го потсетите колку животот може да биде интересен и забавен.
Тој се чувствува супериорен во врската
На крајот на краиштата, тој е повозрасен и тоа дефинитивно ќе го натера да мисли дека има контрола.
Лично и професионално тој е скалило над вас и тоа може да го натера да мисли дека може да командува. Но, ова е најлошото нешто за жена која секогаш сака да го има последниот збор.
Треба само да му покажете дека и двајцата сте еднакви во врската и ако сака да биде со вас, мора да ве слуша и почитува.


