ТЕСТ КОЈ ОТКРИВА ШТО СЕ КРИЕ ВО ВАШЕТО СРЦЕ

Триаголникот се луѓето околу вас, а кругот го претставува начинот на кој комуницираме со нив.

Овој тест открива што се крие во вашето срце , какви се вашите односи со другите и вашите очекувања од нив.

Изберете еден триаголник од сликата и дознајте нешто ново за вашата личност .

1. Круг во триаголник

Вашиот избор симболизира дека сте многу љубезна личност, со грижливо и љубезно срце.

Имате развиено емпатија и подготвени сте да им помогнете на луѓето на кои им е потребна помош. Прифаќате нови луѓе и сте отворени за познанства. Енергијата што ја испуштате ве прави привлечни.

Се стремите кон мир и стабилност во односите и најчесто имате добро развиени пријателства и семејни врски. Постојано сте опкружени со луѓе, но не ги занемарувајте сопствените потреби заради другите.

2. Круг на врвот на триаголникот

Вие сте многу мирна и самоуверена личност и совршено сте свесни за се околу вас.

Добри сте во комуникацијата со другите, но не се стремете кон претерана интимност.

Се фокусирате на вашите цели и достигнувања, па обично сте многу успешни во она што го работите.

Имате приоритети и знаете како да се грижите за нив. Сила ви дава и поддршката од блиските луѓе кои искрено се восхитуваат на вашиот успех и ве мотивираат секој ден.

3. Круг нацртан околу триаголникот

Имате исклучително заштитнички однос кон другите луѓе и секогаш сте подготвени да им помогнете и да ги заштитите оние за кои сметате дека се неправедно повредени.

Вие сте ангел чувар, но и идеален пријател кој споделува добри совети и ги поттикнува другите да направат позитивни промени.

Во пријателството вие сте лојални и не поднесувате предавство.

4. Полукруг нацртан зад врвот на триаголникот

Вие сте многу енергична и радосна личност. Вие сте роден лидер, бидејќи освен што добро водите тим, знаете и да мотивирате и да поддржувате.

Од се срце се радувате на туѓиот успех, секогаш сте подготвени да ширите знаење, но и да учите од другите.

Во вашиот речник нема збор за завист.

Вие сте оптимист и можете да го видите доброто во секоја ситуација, што ви помага полесно да се справите со предизвиците.