Дали е задоволен од работата?
Неговиот став во кариерата може да ви каже дали вашите животи се движат кон истата цел или не. Важно е да прашате еден дечко дали му се допаѓа тоа што го прави. Треба да процените и дали можете да ја балансирате неговата работа со вашата врска.
Која беше неговата последна врска?
Разговорот за бившите ќе ви даде до знаење како тој ќе се однесува во иднина, кога ќе помине времето на неговото најдобро однесување и освојување. Започнете ја таа тема прашувајќи го, на пример, како е сингл таков супер тип како него. Впрочем, тоа е комплимент кој дополнително ќе го поттикне разговорот. Зрелиот и сочувствителен маж обично ќе наведе некои од квалитетите на своите бивши пред да објасни зошто работите не успеале. Ако е нервозен, ја тресе ногата или е многу критичен, проблемот веројатно е во недостатокот на трпение и разбирање.
Како се справувате со долгот?
Како прво, долгот не е секогаш лош. Човек со студентски кредит се задолжил „паметно“, бидејќи тоа е инвестиција која ќе се исплати во иднина. Начинот на кој се однесува со парите е показател за неговиот карактер и одговорност.
Разговарајте за економијата воопшто за да можете лесно да го префрлите разговорот на финансиите. Споменете му дека штотуку сте ја платиле сметката за вашата кредитна картичка и погледнете ја неговата реакција. Ако донел некои избрзани одлуки, во ред е се додека спомнува како си го подмирил долгот.


