Заборавете на пластичните операции и силиконот , тајландски здравствен терапевт тврди дека може да ви ги зголеми градите со шамари.
Терапијата ги зголемува градите само благодарение на цврсто стискање, масажа и тапкање на областа.
Кемика На Сонгкла ја научила неконвенционалната техника од нејзината баба. Почнала да ја употребува откако видела „рамна“ тинејџерка како се обидува да си ја зголеми „предницата“ со креми.
Луѓето во минатото не ја применувале многу оваа техника, затоа што во тоа време жените не се грижеле толку за големината на нивните гради“, изјавува таа за Bangkok Post. Но, сега нејзините вештини се многу барани.
Принципот е ваков – со шлакање/шамарење и стискање салото се преместува од едно место на друго, односно во вашите гради.
И ако мислите дека ова е уште еден шарлатан, дури и владата на Тајланд ја поддржа нејзината техника. Според Independent, студијата на тајландското Министерство за здравство докажа дека енергичните масажи навистина ги зголемуваат градите на женските волонтерки. Министерството дури финансираше програма која ги учи жените како да си ги плескаат градите за да ја зголемат големината без да се подложат на операција.
Кемика вели дека благодарение на шамарите, клиентите може да очекуваат да ја зголемат предницата за неколку сантиметри. „Ако вашите гради се 76 см, по терапијата ќе пораснат до 81 см.
Има случаи кои не можат да се подобрат на овој начин, бидејќи некои гради се премногу мали за да се зголемат. Тогаш Кеммика учтиво ги одбива, бидејќи нема смисла да дава залудни надежи.
Иако не е потребна операција, клиентите велат дека терапијата е болна, но поднослива, а резултатите вредат.
Техниката може да се примени и на лицето и другите делови од телото.
Дали вие би ги зголемиле градите со шамари?


